Командант на НАТО: Русија се претвори од партнер во антагонист
Русија се претвори од партнер на САД во нивен антагонист, изјави командантот на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа и шеф на Европската команда на Воружените сили на САД генерал Кертис Скапароти.
Командантот на НАТО во Европа импресиониран од руската воена доктрина
„Русија се претвори од партнер во антагонист додека се стреми да си ги врати своите позиции во светот“, изјави тој на сослушувањата во комитетот за вооружени сили на Конгресот на САД.
Тој особено ја потенцираше важноста од реализација на стратегијата за одвраќање на Русија. „Како одговор на руската агресија ние треба да ги зацврстиме нашите односи со партнерите, вклучително и со балтичките земји, Турција и Украина“, изјави Скапароти, пренесува „Лента.ру“.