Русија ја зголемува бројноста на своите Вооружени Сили
Претседателот на Русија Владимир Путин со указ ја зголеми од 1 јули 2017 година бројноста на Вооружените Сили на Руската Федерација на 1903051 души, од кои 1013628 се војници.
Што треба да знаете за да стапите во редовите на руската армија
Како што се соопштува на официјалниот портал за правна информација, претседателот на РФ внесе измени во указот „За бројната состојба на Вооружените Сили на Руската Федерација“ од 8 јули 2016 година.
Од 1 јануари бројноста на Вооружените Сили на РФ изнесуваше 1897694 души, од кои 1013628 беа војници.
Указот стапува на сила од денот на неговото потпишување, пренесува „Интерфакс“.