Порошенко: Русија нема да се откаже од создавањето алтернативна Европа
На 29 март претседателот на Украина Петро Порошенко во текот на својот настап на Конгресот на ЕНП на Малта ги коментираше односите меѓу Украина и Европската унија.
Според украинскиот претседател, годините што следат ќе бидат најважните како за Украина, така и за ЕУ.
„Пред четири дена по повод годишнината на ЕУ лидерите на Европската унија се договорија за идните планови на обединета Европа. И годините што следат ќе бидат најважните за ЕУ и за мојата земја. Агресорите внатре во Европа нема да чекаат Русија да направи сѐ што може да ја симне од врвот. И Кремљ никогаш нема да се откаже (од обидите) да изгради алтернативна Европа“, изјави Порошенко, пренесува порталот „Шариј.нет“.
Сакаме да станеме центар на голема Евроазија