Медиум: Во метрото во Санкт Петербург пронајдена експлозивна направа
Ова го соопштува „Фонтанка.ру“.
„На станицата „Плоштад на Востанието“ е пронајдена неактивирана експлозивна направа. Во моментов ја деактивираат“, се вели во соопштението.
На 3 април во метрото во Санкт Петербург се случи експлозија. Според различни информации, инцидентот се случил или на станицата „Технолошки институт“, или на „Сенаја плошчад“. Според информациите на медиумите, како резултат на експлозијата загинале десет луѓе, пренесува RT.
Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург