Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург
„На метро-станицата „Сенаја плошчад“ во Санкт Петербург одекна експлозија, има настрадани“, изјави соговорник на ТАСС, истакнувајќи дека станицата е многу зачадена. Се евакуираат патниците, вклучително и од тунелот.
На кадрите објавени од „Фонтанка“ се гледа дека подземниот ходник е зачаден, а луѓето ги напуштаат вагоните.
На интернет се појавија фотографии од деформиран вагон и повредени.
Извор за РИА „Новости“ од своја страна соопшти дека три станици на петербуршкото метро се затворени – „Садоваја“, „Плоштадот на востанието“ и „Технолошкиот институт“.
Очевидци соопштуваат на социјалната мрежа „ВКонтакте“ дека експлозијата во еден вагон се случила на станицата „Технолошки институт“. Според нив, имам многу настрадани. Исто така, се соопштува дека е затворена и станицата „Невски проспект“, пренесува „Взгљад“.