Трамп му понуди помош на Путин околу експлозијата во Санкт Петербург
Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот му се јави на претседателот на РФ Владимир Путин за да изрази сочувство во врска со експлозијата во метрото во Санкт Петербург и да разговара за прашањата за борба со тероризмот, соопштува прес-службата на Белата куќа.
Медиум: Трамп ја коментираше експлозијата во петербуршкото метро
„Претседателот Доналд Трамп разговараше со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за да го осуди денешниот напад во Санкт Петербург. Претседателот Трамп изрази длабоко сочувство до жртвите и нивните блиски и до рускиот народ“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Разговорот меѓу лидерите е втор од моментот на стапување на должност на Трамп на 20 јануари.
Според последните податоци на Националниот антитерористички комитет, како резултат на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург во понеделникот загинаа 11 лица, а 45 се повредени. Првиот човек на Министерството за вонредни состојби за Санкт Петербург објави список на хоспитализираните на кој се наоѓаат 51 лице.