Кремљ: терористичкиот напад во Петербург е предизвик и за Путин
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека секој терористички напад што се случува во земјата е предизвик и за шефот на руската држава.
„Несомнено, фактот дека овој терористички напад беше изведен додека шефот на државата се наоѓаше во градот нѐ тера да се замислиме и да обрнеме внимание на себе. Тоа е предмет за анализа на специјалните служби“ изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Кремљ гледа на експлозијата во петербуршкото метро како на личен предизвик за претседателот.
Путин се наоѓаше на денот на терористичкиот напад во Санкт Петербург. Вечерта пред полноќ претседателот на Русија положи цвеќе пред метро-станицата „Технолошки институт“ во спомен на жртвите на експлозијата во метрото, пренесува „Лента.ру“.
Какви се реакциите по терористичкиот напад во Санкт Петербург?