Бројот на жртви на експлозијата во метрото во Петербург се искачи на 14
Претходно беше соопштено за 11 загинати и 45 повредени.
„Денеска може да се констатира смртта на 14 лица, 11 починале на местото на настанот а тројца починаа во агонија од повредите кобни по животот“, изјави таа, пренесува РИА „Новости“.
Експлозија во Петербург: „Не можеме да поставиме тенк до секоја градинка“
Според неа, во болниците во Петербург остануваат 49 ранети. Нивниот список е објавен на сајтот на регионалната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија.
Како што соопшти губернаторот на Санкт Петербург Георгиј Полтавченко, 12 ранети се во тешка состојба.
Според податоците на градоначалникот, меѓу настраданите има 17 жители на другите региони на Русија, како и тројца странци – од Белорусија, Таџикистан и Узбекистан.