Руски медиуми: Луѓето на улиците искажуваат недоверба спрема српската власт
Во повеќе градови низ Србија почна вториот бран демонстрации. Луѓето повторно излегоа на улиците и го искажуваат своето незадоволство од актуелната власт, пишува Life.Ru.
Треба да се истакне дека силната агитација преку социјалните мрежи ги поттикна луѓето да излезат на улиците, поради што најголемиот дел од демонстрантите го сочинуваат млади.
Вучиќ ветува дека ќе ги задржи добрите односи со Русија
Демонстрантите се жалат дека „претседателските избори се украдени“.
„Ние не се согласуваме со резултатите од изборите, изборите се купени!“, тврдат учесниците на протестот во Белград. „Ти не си мојот претседател“, „АВ не е наш претседател“, скандираат демонстрантите.
На протестите е забележано нарушување на јавниот ред и мир, луѓе од толпата фрлаа шишиња врз полицијата. Слични акции собраа околу 5 илјади луѓе во Ниш, околу 2 илјади во Нови САД, околу илјада во Чачак и по неколку стотини во другите градови, пренесува ТАСС.
Кандидатите кои загубија на изборите им упатија на демонстрантите поддршка за мирните акции на протест.