Лавров: Да се открие вистината за одлуката на САД за нападите врз Сирија
Лавров истакна дека дејствијата на САД им нанесуваат штета и на онака поткопаните односи меѓу Москва и Вашингтон, сепак, тој изрази надеж дека „овие провокации нема да доведат до неповратни резултати“, пренесува „Взгљад“.
Русија го суспендира меморандумот потпишан со САД за Сирија
Министерот истакна дека САД не се мачеа да презентираат какви било докази со кои се потврдува фактот за хемиски напад во сирискиот Идлиб, повикувајќи се само на фотографии и шпекулирајќи со деца и сведоштва на разни невладини организации, вклучувајќи ги и „на сите познатите измамници од таканаречените „Бели шлемови“, кои се занимаваат со инсценирање на различни ситуации, за потоа да провоцираат акции против сириската влада“.
Лавров истакна дека дејствијата на САД во Сирија потсетуваат на ситуацијата со инвазијата на Ирак. Рускиот министер потенцираше дека воздушниот удар на САД претставува „чин на агресија под лажен изговор“.