Берлин: Трамп треба да ја коригира политиката во Сирија
„Невозможно е да се потпирате само на воена акција, тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот, до загинување на луѓе“, изјави Габриел за телевизијата ЗДФ.
Џонсон: Западот може да изврши нов напад врз Сирија
„Фактички ние ја принудуваме Русија на солидарност со Асад“, потенцира Габриел.
Тој повика на прекин на „верноста“ на Русија кон Асад по политички пат.
Без Русија, Иран, Саудиска Арабија и САД ситуацијата во Сирија нема да се смени, потенцира министерот за надворешни работи на Германија, истакнувајќи дека европските политичари „работат на тоа“, пренесува „Взгљад“.