Министрите на Г-7 не успеаја да воведат санкции против Русија
Министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 на состанокот во италијанскиот град Лука не донесоа одлука за проширување на санкциите против Русија и Сирија, соопшти шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро, соопштува „Ројтерс“.
Џонсон: Западот може да изврши нов напад врз Сирија
Претходно беше соопштено дека Лондон преговара со своите партнери за „мерки на притисок“ врз Дамаск и сојузниците на сириските власти, вклучително и врз Русија.
Во март Европскиот Совет ги продолжи индивидуалните санкции против физички и правни лица од Русија и Украина, пишува „Взгљад“.