„На администрацијата на Трамп ѝ се својствени примитивизмот и безобразието“
„Примитивизмот и безобразието, тоа се карактеристики на актуелната реторика која доаѓа од Вашингтон“, изјави Рјабков, пренесува „Взгљад“.
Рјабков изрази надеж дека тоа нема да биде содржината на американската политика.
Напад на сириската авиобаза. Како ќе реагира Кремљ?
Според него, за Москва останува тајна курсот на администрацијата на САД во однос на Сирија. „Недоследност е она што најпрво ми паѓа на ум“, изјави рускиот дипломат.
Рјабков укажа дека обидите да се протурка во СБ на ООН резолуција за Сирија претставуваат обид на САД да го легализираат нападот врз сириската воздухопловна база Шајрат во Хомс.
Претставникот на рускиот дипломатски ресор изјави дека сириското Воено воздухопловство во Идлиб ги гаѓал терористичките складови со хемиско оружје.