Трамп: Ако Русија не ги поддржеше тие животни, ќе немаше проблеми во Сирија
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема планови за инвазија на Сирија, без оглед на воздушниот удар врз сириската воен база кој Вашингтон го изврши минатата недела.
Три сценарија по американското ракетирање на Сирија
Во ексклузивното интервју за „Фокс Бизнис“ Трамп потенцираше: „Ние немаме намера да влеземе во Сирија. Но, кога гледам како луѓето го употребуваат тоа ужасно, ужасно хемиско оружје... а татко ги држи в раце своите мртви убави деца... или се гушат деца, борејќи се со смртта... Кога го видов ова, веднаш му се јавив на генерал Матис“.
Трамп призна дека го направил она што „одамна требаше да го преземе администрацијата на Обама“. Покрај тоа, претседателот на САД ја нарече Русија, чии власти го поддржуваат сирискиот претседател Башар Асад, виновна за проблемите во таа блискоисточна земја.
„Доколку Русија не се вмешаше и не го поддржеше тоа животно (Асад), проблеми сега немаше да има“, изјави Трамп, пренесува RT.