Иванов: Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во интервју за „Виенер Цајтунг“, изјави дека Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија.
На прашањето дали Русија се меша во внатрешните работи на Македонија, затоа што Москва неодамна предупреди на улогата на Албанија, ЕУ и НАТО во регионот во целина, македонскиот претседател го даде следниов одговор:
„Русија никогаш не се мешала во Македонија. Таа само го изнесе своето мислење. Тоа е легитимно“, изјави Иванов.
Лавров: Западот треба да е свесен за ситуацијата во Македонија