„Фокус“: Меркел им заблагодари на британските служби со досието на Путин
Канцеларката на Германија Ангела Меркел најмалку два пати добивала информации за терористички закани во Германија и Европа од шефовите на три британски специјални служби, соопштува германскиот магазин „Фокус“.
Како што се тврди во статијата, на тие доверливи средби присуствувал и шефот на Центарот за владини комуникации на Велика Британија кој, според Берлин, се занимавал со масовното и незаконско прислушување во Германија.
Тајните состаноци на Ангела Меркел предизвикаа остри критики од германските експерти за безбедност, вели „Фокус“. Висок функционер на владата истакна дека Меркел во текот на изминатите дванаесет години од нејзиниот мандат како канцеларка никогаш не се појавила на неделните дискусии со шефот на германските служби за безбедност. „Зошто отиде во Англија - повеќе не им верува на своите луѓе?“, се прашува функционерот.
Зошто му подготвија на Путин „психолошко досие“ за Трамп
Според германскиот магазин, последниот состанок на Меркел со раководителите на британските специјални служби се одржал во октомври 2015 година, 60 км северозападно од Лондон. Во една затскриена резиденција на Дејвид Камерон, кој тогаш беше премиер на Велика Британија, канцеларката на Германија се сретнала не само со шефот на Центарот за владина комуникација Роберт Ханиган, туку и со директорот на британското контраразузнавање МИ-5 Ендрју Паркер и шефот на британското разузнавање МИ-6 Алекс Јангер.
Во знак на благодарност за тој брифинг, за кој германските власти немале никакви официјални податоци, канцеларката им го дала на Британците досието на Федералната разузнавачка служба на Германија за рускиот претседател Владимир Путин и анализа на ситуацијата на Крим.
Според информациите на изданието, тие тајни документи биле составени од 6 Оддел на кабинетот на канцеларката, при што тоа исто така било направено без знаење на службите за безбедност. Како што истакнува „Фокус“, во текот на понатамошните преговори со германските колеги, Британците изразувале зачуденост затоа што германските служби не биле претходно информирани за средбите на Ангела Меркел со претставници на тајните служби на Велика Британија, пренесува RT.