Кремљ го коментираше исходот од референдумот во Турција
Референдумот за измени на уставот на Турција е суверена работа на земјата и сите треба со почит да се однесуваат спрема изразената волја на турскиот народ, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
За што ќе разговараат Путин и Ердоган?
Референдумот во Турција за премин од парламентарен кон претседателски систем на управување заврши со незначителна победа на приврзаниците на промената. Според првичните резултати, од обработени 99,97% гласачки ливчиња, за промена гласале 51,4% од гласачите. Официјалните резултати ќе бидат објавени 11-12 дена по разгледувањето на жалбите. Опозицијата соопшти дека имало прекршоци при одржувањето на референдумот, критикувајќи ја одлуката на избирачката комисија да ги уважи гласачките ливчиња и ковертите без печати.
„Изминатиот референдум е суверена работа на Турската Република. Ние сметаме дека сите треба со почит да се однесуваат кон изразената волја на турскиот народ“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.