МНР на РФ: измислиците во медиумите се против соработката на РФ со Балканот
Написите во хрватскиот печат за наводни испораки на руско оружје за Загреб, вклучувајќи противавионски ракетни системи С-300, во периодот од 1991-1995 година се насочени кон поткопување односите на Москва со балканските земји, изјавија од руското Министерство за надворешни работи, коментирајќи ги написите во хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Русија не ѝ испорачувала оружје на Хрватска во 1990 години
„Целта на пропагандистичката кампања, изградена врз злонамерни шпекулации околу наведената измислица, е потполно очигледна: задачата е да се предизвика штета на соработката на Русија со пријателските држави на Балканот, да се усложни соработката со нашите партнери, пред сѐ со Србија“, истакнаа од министерството.
Од МНР на РФ истакнаа дека Русија секогаш се придржувала до ембаргото кое ООН го воведе во 1991-1995 година за испорака на оружје на страните во конфликтот во поранешна Југославија. „Не е тајна дека во наведениот период големи количини на оружје, муниција и воена опрема од советско производство имаа земјите од Централна и Источна Европа, како и поранешните советски републики. Колку што ни е познато, нечесни хрватски бизнисмени ја искористија оваа околност за снабдување на Загреб“, додадоа од министерството. „Руската Федерација со тоа никаква врска, се разбира, никогаш и немала“, пренесува ТАСС.