Приведен еден од организаторите на терористичкиот напад во Санкт Петербург
Центарот за односи со јавноста на ФСБ соопшти за приведувањето на еден од организаторите на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург.
„Во Одинцовскиот реон на Московската област е приведен еден од организаторите на злосторството предмет на истрага, иселеникот од Централно-Азискиот регион Азимов Аброр Ахралович, 1990 година на раѓање“, се вели во соопштението.
Според информациите на ФСБ, Азимов го обучил бомбашот-самоубиец Акбарџон Џалилов.
Претходно беше соопштено дека е можно Џалилов да бил член на „заспана ќелија“ на терористичката организација „Исламска држава“, пренесува RT.