Лавров одговори на изјавите на помошникот на Трамп за Русија
Москва ќе се ориентира според изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп за Русија, а не според изјавите на неговиот помошник, изјави шефот на руското МНР Сергеј Лавров.
„А претседателот потврди дека сакаа да воспостави добри односи со Русија. И ние сме подготвени за тоа“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Советник на Трамп: Русија во Европа врши „субверзивна активност“
На тој начин министерот за надворешни работи на Русија ги коментираше изјавите на советникот на Трамп за национална безбедност генерал-потполковник Херберт Мекмастер дека Русија води „субверзивна активност во Европа“.
Притоа американскиот претседател по посетата на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на Москва изрази увереност дека „сѐ ќе биде во ред меѓу Русија и САД“.
Лавров потсети дека слични изјави Трамп даваше и во текот на предизборната кампања во САД.