Авторот на петицијата за отцепување на Калифорнија ќе се пресели во Москва
Авторот на петицијата за излегување на Калифорнија од составот на САД Луис Маринели изјави дека планира трајно да се пресели во Русија.
„Пред сѐ би сакал да останам да живеам во Русија“, изјави Маринели за RT.
Осум најруски места во Русија
Според него, тој би сакал да се пресели во Москва. Во моментов живее во Екатеринбург.
Маринели ја состави петицијата за излегување на Калифорнија од составот на САД во септември 2016 година во Екатеринбург, каде што живее неговата сопруга Анастасија.
Маринели во февруари во интервју за RT изјави дека се враќа во САД да го подготви евентуалниот референдум за самоопределување на регионот. Тој притоа истакна дека се плаши дека би можел да има проблеми на граница, затоа што американските медиуми го прогласија за „таен агент на Кремљ“.