Двајца осомничени за подготовка на терористички напади убиени во Русија
ФСБ на Русија соопштува дека се убиени на територијата на Владимирската област двајца државјани на една од земјите од Средноазискиот регион. Убиените се осомничени за подготвување терористички напади на територијата на Русија и биле на врска со врбувачи за меѓународните терористички организации.
Од Центарот за односи со јавноста на ФСБ истакнуваат дека „наведените лица биле на врска со врбувачи за меѓународни терористички организации, покажувале интерес за технологијата на правење самоделни експлозивни направи и изразувале подготвеност да извршуваат терористички напади на територијата на Русија“.
ФСБ соопштува дека на местото на настанот се откриени компоненти за правење експлозивна направа, автоматска пушка АК-74, пиштол и муниција, пренесува „Интерфакс“.