Лукашенко: Никогаш нема да се откажеме од рускиот јазик
Претседателот на Белорусија Александар Александр Лукашенко изјави дека огромно мнозинство Белоруси го користат русиот јазик во секојдневниот живот, соопштува прес-службата на лидерот на Белорусија.
Десет руски збора што ги знае целиот свет
„Тоа што не го забораваме белорускиот јазик, така и треба да биде. Добро е што Белорусите имаат свој јазик. Зошто да нѐ прекоруваат за тоа? Иако кај нас огромно мнозинство луѓе разговараат на руски и во секојдневниот живот кај нас јазикот на комуникација е рускиот. Но, нагласувам – тоа не е рускиот јазик. Тоа е нашиот заеднички јазик што го создававме со години. Тој се усовршува, се развива како жива материја. И ние заедно имаме многу вложено во усовршувањето на тој јазик. Никогаш нема да се откажеме од него“, изјави Лукашенко.
„Но имаме и свој национален белоруски јазик, мајчиниот јазик на Белорусите. Него го знаат и многу Белоруси кои живеат надвор од границите на нашата земја. Затоа овде е сѐ во ред и сѐ е под контрола“, додаде белорускиот лидер, пренесува порталот „Шариј.нет.“