Русија не се обидува да ги интегрира ДНР и ЛНР во својот состав
„Самото прашање е апсурдно. Веќе со години и претседателот и руските претставници на најразлични нивоа зборуваат дека Москва не се обидува да ги интегрира во Русија непризнаените републики на Донбас ДНР и ЛНР“, изјави Песков, коментирајќи ги соопштенијата за наводно постоечки план за интеграција на Донбас во составот на Русија.
Порошенко: Русија е подготвена да ги признае ДНР и ЛНР
Според портпаролот на Кремљ, „планот е еден – да се постигне реализација на „Минската спогодба“.
Песков исто така додаде дека прашањето на ДНР и ЛНР претставува внатрешен политички проблем на Украина, пренесува RT.