Македонија се приклучува на акцијата „Георгиевска лентичка“
Како што истакна тој, „годинава испративме во странство повеќе од сто илјади комплети георгиевски лентички. Акцијата „Гергиевска лентичка“ станува сѐ помасовна и популарна. Од Никарагва до Индонезија добиваме вести од нашите странски претставништва за недостиг од георгиевски лентички и барања да им испратиме повеќе“, раскажа Радков. Тој исто така потенцира дека денес георгиевската лентичка е симбол на борбата не само против фашизмот, туку и со појавите на секаков вид екстремизам во целина.
Во понеделникот, 24 април, генералниот директор на МИА „Русија денес“ (МИА "Россия сегодня") Дмитриј Кисељов го означи почетокот на Серуската акција „Георгиевска лентичка“, посветена на годишнината од Победата во Втората светска војна, пренесува РИА „Новости“.
Историски тоа е лента на ордените на Св. Ѓорѓи и „Георгиевскиот медал“, лента на војничкиот „Орден на славата“ и медалот „За победа над Германија“.
Во Скопје „Георгиевската лентичка“ ќе се дели во Градскиот парк, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и пред хотелот „Руссиа“.