Лавров: Во современата политика „повеќе нема правила“
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека во моментов ситуацијата во меѓународните односи е потешка отколку во екот на „студената војна“.
МНР на РФ: Сафронков се обиде да ги извади опонентите од зомби-состојбата
„Несомнено, сега е пожестоко... Тогаш постоеја две империи: Западната и Советската, секоја од нив подгреваше конфликти со соперникот на териториите на трети земји. Но никогаш на своите граници и никогаш директно. Дури и јавната реторика беше помека. Тогаш двата кампуса не ги преминуваа границите на дозволеното. Денеска повеќе нема никакви правила “, ги цитира зборовите на министерот магазинот „Есквајр“.
Сегашните односи меѓу Москва и Вашингтон Лавров ги карактеризираше со зборот „очекување“. Според него, тие засега се развиваат по инерција, затоа што на некои места сѐ уште останаа луѓе од тимот на претходниот американски претседател Барак Обама. Истовремено шефот на рускиот дипломатски ресор изјави дека тој и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон успеваат да ги градат односите и истакна дека тој имал „ако не пријателски, тогаш добри односи“ со сите државни секретари. Лавров призна дека дипломатите од разни земји можат да истапуваат со жестока реторика против другиот, а потоа нормално да комуницираат меѓу себе, пренесува РИА „Новости“.