Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2017

Зошто Русите пијат многу?

0

Во 2011 година, на Интернет се појави избор од забавни факти за Русија, собрани од некој си Канаѓанец, наставник по англиски јазик во Москва. Со некои од заклучоците во неа Русите не се согласуваат (од типот на она што тие не велат „благодарам“ и „те молам“), но редниот број 17 не предизвикува прашања кај никого: „Русите пијат многу вотка. Ова не е мит“.

За љубовта на Русија кон алкохолот се среќаваат сведоштва уште од времињата кога самата Русија не постоела. Според „Повеста за минатите години“ од XII век еден од кнезовите на древна Русија, Владимир, додека решава во која вера да ги однесе Словените безбожници, се разбира, дека исламот забранува алкохолот и веднаш се откажува од можноста да ја натера Русија да служи на Алах. „Русите се веселат зашто пијат: без тоа не можат да живеат“, вели кнезот.

Како да пиете вотка со Руси, а да не се опиете

Патем, тогаш Русите не пиеле вотка, ами вино и алкохолни пијалаци од мед. Во Русија, според историчарите, вотката се појавува не порано од XVI век, но брзо станува, помеѓу мечките и матрјошките, еден но симболите на земјата. Во поемата „Москва – Петушки“ советскиот писател Венедикт Ерофеев дури иронично препорачува да се протурка граница меѓу Русија и Европа по знаци за употреба на алкохол: „Од едната страна на границата зборуваат руски и пијат повеќе, а од другата - пијат помалку и зборуваат на неруски ...“

Генетика и историја

Зошто всушност Русите пијат многу? Една од причините, тврди докторот на биолошките науки Светлана Боринскаја, е во генетиката: организмот на Русите, како и на другите Европејци, полека го преработува алкохолот во токсичниот ацеталдехид, кој предизвикува мамурливост и други непријатни ефекти. А, кај Јапонците или Кинезите, на пример, овој процес се одвива значително побрзо, затоа повеќето од нив не можат да пијат многу алкохол. „Може да се каже дека гените не ги тераат Русите да пијат, но им дозволуваат да го прават“, појаснува Боринскаја.

Други причини се поврзани со тоа како во Русија државата ја регулира потрошувачката на алкохол. Во XVI-XVII век, пишува историчарот Александар Пиџаков, царевите воведуваат систем на државни кафеани: нивните сопственици се обврзани да испратат во благајна одредена сума пари, без разлика колку вотка и вино се испило, а тоа ги стимулира трговците да продаваат колку што е можно повеќе алкохолни пијалаци. Владата добива големи приходи од продажбата на пијалаци, а жителите на Русија постепено се навикнуваат да пијат. „Власта систематски ги подучува [Русите] да одат во кафеана“, констатира Пиџаков.

Зошто Русите не сакаат да се поздравуваат

Со време руската власт сепак ја сфаќа опасноста од алкохоличари во земјата. Во XIX - почетокот на XX век се јавуваат движења за трезвеност, а на почетокот на Првата светска војна во 1914 година Николај II воведува целосна забрана на алкохол. Кога болшевиците доаѓаат на власт во 1917 година, тие ја задржуваат забраната, но само до 1923 година. Потоа неколку пати советската држава прогласува антиалкохолни кампањи, а најголемата е организираниот за време на Михаил Горбачов во 1985-1990 г. Тогаш продажбата на алкохол е ограничена до пет часа на ден, цените се зголемени и дури се уништени лозја.

Пијат помалку, но сепак многу

Ако од историјата се вратиме на современоста, тогаш сега Русите пијат уште повеќе, но во последните пет години - помалку. Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) во 2010 година во Русија во просек по глава на жител се имало 15.1 литри алкохол годишно, а тоа е четврто место во светот по Белорусија (17.5), Молдавија (16. 8) и Литванија (15.4). А, веќе во 2016 година, според податоците на Федералната служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот („Роспотребнадзор“), во Русија на човек од населението се паѓаат по „над 10 литри чист алкохол“ (точниот број не се наведува, но е помалку од 15 – заб. ред.).

„Како што може дa се види според бројките, Русите почнаа да пијат помалку“, забележува на крајот на 2016 година во статија за „Афиша“ експертот за вина Антон Обрезчиков. Од „Роспотребнадзор“ се согласуваат со него: „потрошувачката на алкохол во споредба со 2009 година е намалена“. Од друга страна Министерството, потсетува на податоците на СЗО: ако годишно се пиe по над 8 литри по глава на жител, тогаш тоа е штетно за здравјето на населението. Значи со пијанството треба да се води борба и понатаму, заклучуваа вработените.

10 причини зошто Русите не се насмевнуваат





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Александр Розенбаум

Розенбаум проиграл суд из-за неуплаты счетов за энергоснабжение




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча


Кирилл Скачков

Скачков и Тайлакова выиграли соревнования по настольному теннису на Играх БРИКС



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Российские компании придерживаются собственного подхода в ESG



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России