Режим на „црно небо“ воведен во Краснојарск
Синоптичарите воведоа режим на „црно небо“ во Краснојарск до среда навечер поради влошување на временските услови, соопшти Средносибирската управа за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина.
Како ќе влијае топењето на мразот на Русија?
Конкретно, до среда навечер во Краснојарск се очекуваат метеоролошки услови неповолни за дисперзија на штетните примеси во воздухот.
Ова не е прв случај на воведување режим на „црно небо“ во градот. Во февруари режимот на неповолни временски услови од прв степен на опасност траеше 12 дена. Освен тоа, таков режим беше воведуван неколку пати во 2016 година и вкупно траеше речиси месец и половина, пишува „Взгљад“.