Москва не се согласува со Париз за вина на Асад за хемискиот напад
„Не, не може“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали изјавата на министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Еро може да влијае на некаков начин врз позицијата на Кремљ за Асад и хемискиот напад, пренесува „Газета.ру“.
Како што соопштува „Асошиејтед Прес“ претходно Еро изјави дека специјална истрага на француските власти ја потврдила примената во Хан Шејхун на сарин, кој „има признаци“ дека припаѓа на оние резерви на хемиско оружје какви што имаше режимот на Башар Асад.
Хемиски напад во Сирија: кој е виновен и што понатаму?
Тој исто така потенцираше дека „процесот на создавање сарин бил извршен со методи, стандардни за сириските лаборатории“.
Според Еро, на тој начин може да се зборува дека владата на Сирија е одговорна за хемискиот напад во Идлиб.
Претходно Песков изјави дека фактот за примената на отровни материи во Идлиб предизвикува малку сомнеж, но не смее да се извлекува заклучок за нечија вмешаност во нападот без меѓународна истрага.