Меѓународните резерви на Русија пораснаа на 400 милијарди долари
Меѓународните резерви на Русија за недела дена, од 14 април, се зголемија од 398,4 милијарди долари на 400 милијарди долари.
Седум сценарија за Русија
Ова го соопштува „Газета.Ru“ повикувајќи се на прес-службата на Банката на Русија.
„Меѓународните резерви за неделата од 14 до 21 април пораснаа за 1,6 милијарди долари, или за 0,4%, првенствено како резултат на позитивната ревалоризација“, соопшти регулаторот.
Претходно прес-службата на „Росстат“ соопшти дека темпото на пораст на цените во март 2017 година во земјите на ЕУ просечно пораснале за шест пати во однос на Русија, пренесува RT.