Украина изгради брана за да го блокира дотурот на вода на Крим
Администрацијата на Херсонската област ја пушти во работа новата брана која е наменета за блокирање на текот на водата од реката Днепар по Северо-Кримскиот канал во Крим, соопштува телевизијата ТСН.
Француски остриги и покрај ембаргото
Се истакнува дека бетонската брана е изградена на границата на копнениот дел од границата меѓу Украина и полуостровот.
Повод за изградба на браната е потребата од обнова на водоснабдувањето на земјоделските реони на југот на Херсонската област, кои по затворањето на пропустите за вода во горниот тек би се нашле во опасност да бидат зафатени од суша.
Браната е изградена за една година и за неа се потрошени 35 милиони гривни (над 1 милион евра). Според стручњаците, работите на опремување на браната ќе продолжат.
Главниот инженер на управата на Северо-Кримскиот канал Владимир Оберемок објасни дека новата брана има вентил кој може во секое време да биде отворен. Како пример, тој ја наведе ситуацијата ако Крим се врати во состав на Украина, пренесува „Газета.ру“.