Оливер Стоун раскажа за својот филм за Владимир Путин
Американскиот режисер Оливер Стоун раскажа за „Сидни Морнинг Хералд“ за својот филм во кој централна точка е рускиот претседател Владимир Путин.
„Тоа, пред сѐ, не е документарен филм, ами разговор во вид на прашања и одговори. Господинот Путин е еден од најзначајните лидери во светот и откако САД го прогласија за непријател – голем непријател – мислам дека е важно да се чуе што тој има да каже“, го опиша својот филм Стоун.
Песков даде оценка за филмот на Путин на Си-Ен-Ен
Исто така, се истакнува дека во филмот ќе се раскажува како Путин гледал на настаните во светот од моментот на неговото доаѓање на власт во 2000 година.
„Тоа ќе ни покаже апсолутно ново гледиште со кое ние како Американци не сме запознаени. Одевме на средби со него четири пати за две години“, додаде режисерот.
Покрај тоа, Стоун раскажа и за неговите впечатоци од разговорите со рускиот лидер.
„Тој зборува мошне директно. Мислам дека правилно сторивме што го презентиравме неговото изјаснување во однос на западната реторика, што ќе ни овозможи да го објасниме неговото гледиште“, истакна режисерот, пренесува „Газета.ру“.