Помошник на Трамп: Соработката меѓу Русија и САД има перспектива
Помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Херберт Мекмастер изјави дека Русија и САД имаат перспективи за соработка во „клучните области“.
Трамп: Моите врски со Русија се измислена приказна
„Можеме малку да ги промениме односите, тогаш ќе се појават перспективи за соработка во клучните сфери каде има совпаѓање (на интересите)“, изјави Мекмастер во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“.
Според него, односите со Русија во првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп не се промениле.
„Не мислам дека станаа полоши или подобри“, изјави Мекмастер, пренесува РИА „Новости“.