ООН прогнозира раст на руската економија
Експертите на ООН предвидуваат дека до крајот на 2017 руската економија ќе порасне за 1,1%, се вели во годишниот извештај на Економската и социјална комисија на ООН за Азија и Пацификот (ESCAP).
Како двигател на економскиот раст во Русија се нарекуваат „релативно високите цени на нафтата“.
На руската економија ѝ треба рецепт за пораст
Што се однесува до азискиот регион во целина, експертите предвидуваат раст на „економиите во развој за 5 и 5,1 проценти во 2017 и 2018 година соодветно“.
Прогнозата на експертите на ООН е под очекувањата на руското Министерство за економски развој. Според нивното основно сценарио, раст на БДП во Русија во 2017 се очекува на ниво од 2% и од 1,5% во 2018-2020. Целното сценарио предвидува зголемување на обемот на домашната економија во 2018 за 1,7%, во 2019 - за 2,5%, а во 2020 година – за 3,1%.
Меѓународниот монетарен фонд прогнозира раст на БДП на Русија во 2017-2018 година на ново од 1,4%, пренесува „Лента.ру“.