Олбрајт: Важно е да им се каже на Русите што е прифатливо, а што не
Односите меѓу Русија и САД ја достигнаа најниската точка и тоа е жално, смета Медлин Олбрајт. Во интервју за Си-Ен-Ен таа истакна дека е многу важно да се имаат со Русија односи кои функционираат, да може да ѝ се кажува што е прифатливо, а што не, и дека со таа цел можат да бидат корисни телефонските разговори меѓу лидерите на земјите.
Путин имаше телефонски разговор со Трамп
„Однесувањето на Русија во Сирија предизвикува сериозна загриженост, затоа што тие го поддржуваат Асад и она што тој го прави, применувајќи хемиско оружје и „експлозивни буриња“ против својот сопствен народ“, изјави Олбрајт, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, пренесува RT.
„Навистина сметам дека со Русија треба да се имаат односи кои функционираат, треба да им се каже што е прифатливо, а што не. Затоа мислам дека телефонските разговори се добра работа. Се надевам дека се навистина отворени и на полето на тоа како да постигнеме политичко решение за ситуацијата во Сирија, и на полето на тоа како Русите се однесуваат и мешаат во изборите не само во САД, туку и во Европа“, изјави Медлин Олбрајт.
