Рускиот „Адмирал Есен” со „Калибри” вплови во Средоземното море
Фрегатата „Адмирал Есен”, вооружена со крстосувачките ракети „Калибар“, вплови во Средоземното море во состав на средоземноморската формација на Воената морнарица на Русија.
Фрегатата „Адмирал Григорович“ се враќа во Медитеранот
„Денеска најновата фрегата на Црноморската флота „Адмирал Есен“, која преминува од составот на Балтичката во состав на Црноморската флота, го помина теснецот Гибралтар и пристигна во акваторијата на Средоземното море“, изјави началникот на одделението за информирање на Црноморската флота на Русија Вјачеслав Трухачов, пренесува „Взгљад“.
Покрај „Адмирал Есен“, во состав на групата се наоѓа и фрегатата „Адмирал Григорович“.