Чижов: Русија не се меша во политичката криза во Македонија
Постојаниот претставник на РФ во ЕУ Владимир Чижов смета дека на Македонија при сегашната политичка напрегнатост ѝ претстојат повторни парламентарни избори.
Железњак: Треба да се спречи опасноста од распад на Македонија
„Како јас гледам на патот што е пред Македонија? Мислам дека не им бегаат уште едни избори. Кога тоа ќе се случи, тие треба да решат. Не може да се постигне излез од политичката криза, рушејќи ги темелите на градбата“, изјави Чижов, коментирајќи ја ситуацијата во земјата.
Притоа тој истакна дека Русија „не се меша во таа внатрешна политичка криза“, пренесува РИА „Новости“.
„Сметаме дека крајната цел е да се зачува Македонија како унитарна држава, да го зачува својот Устав и да им овозможи на политичките сили да се договорат за тоа како да дејствуваат“, изјави постојаниот претставник на Руската Федерација.