Лавров и Тилерсон разговараа за напорите за деескалација во Сирија
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров разговараа телефонски за начините за деескалација на ситуацијата во Сирија, соопшти во петокот Стејт департментот.
„Државниот секретар и министерот (Тилерсон и Лавров) дискутираа телефонски за напорите за деескалација на конфликтот што трае во Сирија“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Исто така се истакнува дека „државниот секретар смета на идни средби со шефот на МНР на РФ за разгледување на улогата на САД и Русија во деескалацијата на конфликтот и поддршката на преговорите во Женева за изнаоѓање политичко решение“.