Американските медиуми пишуваат за „новото тајно оружје“ на Путин во Сирија
Интервенцијата на Русија во сирискиот конфликт изданието ја прогласува за целосно успешна, истакнувајќи дека за зајакнување на влијанието претседателот Владимир Путин „примени во Сирија невидено руско оружје: неколку единици од чеченски и ингушетски командоси родум од проблематичниот севернокавкаски регион“, пишува „Форин Полиси“.
До неодамна, присуството на руските копнени сили во Сирија во основа беше сведено на специјални сили, воени советници и артилерци, истакнува изданието.
Чеченски спецназ заминува за Сирија
„Но, континуираното распоредување на чеченската и ингушетската бригада само по себе означува стратешкото поместување за Кремљ: Русија сега има своја елитен копнен персонал, составен од сунитски муслимани. Ова му овозможува на Кремљ поактивно да влијае на настаните на теренот и да работи на долгорочни перспективи“, пишува авторот на статијата, притоа истакнувајќи дека присуството на чеченските специјалци ќе помогне по потреба дури и за запирање на непосакувани за Москва дејствија на „режимот на Асад“.
Живата сила на чеченските единици изданието ја проценува на 500, а на ингушетските – на 300 војници.
Претходно беше соопштено дека во Алепо е испратена единица на воената полиција, составена од етнички Чеченци и Ингуши. За работата на воената полиција во Алепо беше снимен и документарен филм, пренесува „Взгљад“.