Израелски сателит откри руски разузнавачки авион во Сирија
Снимките првпат беа објавени на сајтот на порталот во неделата вечерта, иако се со датум од 3 мај, пренесува „Взгљад“, повикувајќи се на порталот „Дифенс Њуз“.
Satellite imagery shows Russian AWACS back in Syria https://t.co/XUjTN763G1
— Defense News (@defense_news) May 7, 2017Порталот исто така ја истакнува изјавата на началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС на Русија Сергеј Рудској, кој на крајот на април соопшти за распоредувањето во Сирија на управувачки систем со повеќе нивоа, кој ѝ овозможува на Русија да го контролира целиот воздушен простор на Сирија.
Во јануари минатата година беше потврдено дека авионот А-50 може да се примени во Сирија и беше прецизирано дека леталото е способно да открива објекти во воздух на растојание до 650 километри, а на копно – до 300 километри.
Во март оваа година Министерството за одбрана на Русија најави почеток на испитувањата на авионот за разузнавање А-100 „Премиер“.