„Спартак“ нов фудбалски шампион на Русија
Московски „Спартак“ е победник во руската фудбалска премиер лига за сезоната 2016/17, соопштува „Лента.ру“.
Екипата на „Спартак“ ја освои шампионската титула откако „Зенит“ од Санкт Петербург загуби од „Терек“ од Грозни со резултат 0:1.
На тој начин, на три кола до крајот на првенството, „Спартак“ се здоби со недостижна предност од 10 бодови во однос на тимот на ЦСКА.
Црвено-белите станаа шампиони на Русија по пауза од 16 години. Последниот трофеј „Спартак“ го освои во 2003 година, освојувајќи го Купот на Русија.
Стадионите на Мундијалот 2018