Над 750 илјади лица беа дел од „Бесмртниот полк“ во Москва
Во патриотската акција „Бесмртниот полк“ во Москва учество зеле повеќе од 750 илјади лица. Ова е рекорден број учесници во поворката. Според податоците на МБР на РФ минатата година бројот на учесници изнесувал 700 илјади лица.
Во Скопје се одржа „Бесмртниот полк“
Колоните со учесниците се движеа од метро-станицата Динамо до метро-станицата Тверскаја кон Црвениот плоштад. Во рацете учесниците на поворката носат фотографии од своите роднини и блиски кои учествувале во Големата татковинска воја. Одржување на акцијата беше одобрено од страна на властите на Москва минатата недела. Во акцијата учество зеде и претседателот на РФ Владимир Путин.
Исто така денес на Црвениот плоштад беше одржана и парада во чест на 72-годишнината од победата во Големата татковинска војна. Во неа учество зедоа над 10 илјади војници и 114 единици на воената техника. Традиционалното авијатичко шоу беше откажано поради лошите временски услови.
Како во Русија се чува споменот на хероите од Големата татковинска војна