Руски специјалец доби звање Херој на Русија по борбата во Сирија
„Командирот на групата полковникот Данило и тројца негови офицери беа повикани во Москва за добивање награда - на подполковникот му е доделено звањето Херој на Русија, а на офицерите им се врачуваат воени награди“, ја цитира ТАСС информацијата на телевизијата. Во прилогот се прикажани четворица мажи кои одговараа на прашањето завртени со грб кон камерата. Командирот на групата раскажа дека единицата излегла од борбата без загуби благодарение на позицијата и на обезбеденоста, а исто така и благодарение на предноста во вооружувањето - тој, меѓу другото, ги спомена и топлинските визири. Исто така тој ја подвлече храброста на војниците кои ги исполнувале задачите поставени од страна на командирот.
МО на Русија негира егзекуција на руски војник во Сирија
„Благодарение за овие фактори ние успеавме да излеземе од борбата без загуби“, сумира тој. Да потсетиме дека во март генерал-полковникот Андреј Картаполов кој командува со руската воена единица во Сирија изјави дека успехот на операцијата за ослободување на Палмира е условен, меѓу другото, и благодарение на работата на единиците на силите за специјални операции. Тие се занимаваат со разузнавање и со уништување на најважните објекти на противникот.