Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2017

Руски автодилери се пренасочуваат кон земјоделството

0

За три години обемот на автомобилскиот пазар во Русија се намали за повеќе од 50% - од речиси 3 милиони продадени автомобили во 2013 година до 1.42 милиони во 2016 година. „Кримската пролет“, воведувањето на западните санкции и најмногу речиси двојниот пад на курсот на рубљата во однос на главните светски валути го доведоа автомобилскиот сектор во катастрофална состојба. Само што додека едни компании банкротираат или продаваат средства, тогаш други, како на пример сопствениците на најголемите руски автохолдинзи меѓу првите топ 10 – „Авилон“ и „Меџор“, - наоѓаат излез преку диверзификација на бизнисот и го открија земјоделскиот правец.

Зеленчук, печурки и „Мерцедес“

Уште во 2012 година акционерите на компанијата „Акита“ која ја поседува еден од најголемите дилер-холдинзи „Авилон“, решаваат да вложат средства во нов агроиндустриски проект. Така во Калушката област се појавува комплекс од стакленици „Агро-Инвест“, во кој денес се одгледуваат домати и краставици на површина од 43.5 хектари, со вкупен обем на инвестиции од над $260 милиони (15 милијарди рубли). Покрај тоа, во 2016 година компанијата почна да гради комплекс за одгледување печурки во Тулската област со капитал од $105 милиони (6 милијарди рубли) и производствена моќност до 25.000 тони печурки.

Русија го афирмира брендот „Сделано в России“ (Made in Russia)

„Убедени сме дека агроиндустријата ќе има важно место во активностите на нашиот холдинг. Од гледна точка на профитабилноста, иновациите и имиџот тоа ќе игра не помалку важна улога од автомобилскиот бизнис“, раскажува генералниот директор на компанијата „Акита“ Ирина Монахова.

Минатата година „Агро-Инвест“ пласираше на пазарот 11.6 илјади тони зеленчук, а од нив околу 40% стигна на пазарот преку водечките трговски синџири како „Ашан“, „Дикси“, "Метро", „Перекрјосток“ и други . Задачата за 2017 година е да се удвои обемот на продажбите. Прометот на „Агро-Инвест“ за минатата година изнесува 1 милијарда рубли, а се очекува оваа година тој да надмине бројката од 3 милијарди рубли ($ 18 милиони.). За споредба: прометот на групата „Авилон“ во продажбата на автомобили за 2016 година е во вредност од 51.2 милијарди рубли (речиси $ 900 милиони.).

„Не е коректно да се споредуваат по обрт овие два правци на бизнисот. Во едниот случај зборуваме за трговија со скапи автомобили, а во другиот - за производство на зеленчук, кој се бара секој ден. При сето тоа сопственото производство секогаш ќе носи неколку пати поголема добивка во релативна смисла од трговијата на мало“, вели Ирина Монахова.

Играње фарма

Уште еден проект во земјоделството во моментов создава „Меџор“, која е во тројката лидери на рускиот автомобилски пазар. Компанијата инвестира пари во агрофарма која ќе биде изградена во Подмосковје. Според информации од извори на „Руска реч на македонски“ проектот е за одгледување на крупни и мали говеда, на птици, а исто така и производство на месна и млечна продукција. Претседателот на холдингот Михаил Бахтијаров одби да го коментира новиот правец во бизнисот.

Американец заработува од фарма во Русија благодарение на Јутјуб

За „Меџор“ диверзификација далеку не е ново решение. Во групата веќе влегуваат банки, лизинг компанија, агенција за трговија со недвижности и снабдувач на логистички услуги. Како што забележува главниот уредник на економскиот магазин „АвтоБизнисРивју“ Евгениј Есков, една агрофарма во размерите на холдингот, чиј обрт значително надминува 100 милијарди рубли ($ 1.75 милијарди) ќе зазема скромно место по обрт и профит, затоа тешко дека може да се гледа како на проект од кој се планира да дојдат многу пари. „Тоа се прави за душата“, коментира Есков.

Избор на храбрите

Во последниве три години развојот на земјоделството стана еден од моторите на руската економија. Не е изненадувачки фактот дека на агробизнисот обрнаа внимание претставници на сфери од бизнисот кои се силно погодени од кризата, наведува Наталија Шагајда, директор на центарот за агропроизводна политика при Руската академија за народно стопанство и државна администрација (РАНХиГС).

„На пример денешните успеси во енергетски интензивни индустрии како свињарството и живина по правило се резултат од работата на инвеститори кои претходно не се занимавале со земјоделство“, коментира Шагајда.

Замената на увозот се покажа како исклучително профитабилна за Русија

Показателите за профитабилноста во земјоделството се значително повисоки отколку во автобизнисот. Според статистичките податоци на агенција ASE за 2014-2016 година просечниот приход на дилерските центри во Русија е на ниво од 2-3%. А, пак, приходот на земјоделските организации, според зборовите на Наталија Шагајда за 2013-2015 година е во просек околу 17% и малку повеќе на специјализираните за одгледување зеленчук во стакленици.

Некои претставници на автомобилските дилери со кои „Руска реч на македонски“ разговараше причините за интересот на „Авилон“ и на „Меџор“ за земјоделството  ги гледаат во можноста да се добие државна помош и на тој начин да се подобри финансиската состојба на холдингот како целина. Наталија Шагајда сепак не се согласува со оваа верзија: „Навистина одделни земјоделски производители можат да добијат и 1 милијарди рубли годишно во форма на државни субвенции. Овие средства, сепак не можат да бидат употребени за други цели кои не се поврзани со земјоделството“. Така влегувањето во агроиндустријата тешко дека било мотивирано од желбата да се добијат пари за друг бизнис, објаснува таа.

Како живее рускиот дилер на автомобили по 2013 година?

Поради катастрофалниот пад на продажбата на автомобили во Русија од земјата целосно се повлекуваат неколку бренда, а најголемиот од нив е „Опел“ (Opel), кој самоуверено влегува во топ 10 странски брендови. Концернот „Џенерал Моторс“ (General Motors) ги замрзна активностите на својата фабрика во Санкт Петербург и во целина ги минимизира своите активности во земјата. „Хонда“ (Honda) се откажа од централизирани набавки на нови автомобили преку својата ќерка дистрибутер и премина на работа по директни договори со дилери, чиј број одеднаш се намали за двапати.

Падот на побарувачката на нови автомобили неизбежно причини бран од банкроти на автодилерите. Според статистичките податоци на консултантската агенција ASE за 2014-2016 година речиси една четвртина од дилерските центри работат со загуба. Не е чудно што за три години, како што покажуваат податоците на „АвтоБизнисРивју“, вкупниот број на автосалони се намалува од 4.415 на 3.869 (со 12%), а бројот на играчите во овој бизнис (сопствениците на продавници за автомобили) опаѓа за 18% (од индустријата излегуваат 222 сопственици од 1.236 во 2013 година).

Децата на руските олигарси и службеници инвестираат во земјоделството





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

Топ-5 самых ярких зарубежных архитектурных проектов на первичном рынке Москвы


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Фёдор Шаляпин

«Всю жизнь я зарабатывал пением и… легким аферизмом». Прохор Шаляпин раскрыл источники дохода в шоу «Вкусно с Анфисой Чеховой» на ТВ-3




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


WTA

Саснович победила на старте квалификации турнира WTA-500 в Берлине



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

ДОКЛАД ПРО ДЕЛО СКРИПАЛЕЙ, САФРОНОВА, ГОЛУНОВА. ПРО НАУКУ АКТИВНОЙ ВСЕЛЕННОЙ. ЭКСПЕРТ АНАТОЛИЙ ГОЛОД.



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России