Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2017

За што зборуваа Лавров, Трамп и Тилерсон?

0

Посетата на Сергеј Лавров на Вашингтон се одвиваше според истото сценарио како и онаа на Тилерсон во Москва на 11 април. Американскиот државен секретар тогаш најпрво се состана со Лавров, а потоа со Владимир Путин, а денес Лавров најпрво имаше средба со американскиот колега, а потоа со Доналд Трамп.

Генералниот директор на Рускиот совет за меѓународни прашања Андреј Кортунов во разговор со дописникот на „Газета.Ru“ нагласи дека личната средба на Трамп и Лавров не е само знак на учтивост: „Функцијата државен секретар е секако важна, но сепак претседателот е оној што ја креира надворешната политика. Мислам дека Трамп има некаква порака за претседателот Путин која сака да ја испрати лично преку Лавров“.

Претседателите патуваат во Хамбург

Разговорот помеѓу Сергеј Лавров и Доналд Трамп траеше околу 40 минути. Еден од најважните резултати од оваа средба ја изнесе шефот на руската дипломатија на прес-конференцијата. Имено, потврден е терминот на првата лична средба на Владимир Путин со својот американски колега. Како што изјави Лавров, Путин и Трамп ќе се сретнат на маргините на самитот Г-20 во првата декада на јули.

Средба во Белата куќа: за што се договорија Трамп и Лавров?

Лавров нагласи дека пред средбата на шефовите на државите треба да се обработат определени прашања (ја спомена Сирија) и со тоа за средбата да се подготват „конкретни, опипливи резултати“. Лавров рече дека со тоа ќе се занимаваат тој и Рекс Тилерсон.

„Русија не се меша во американските избори“

На прес-конференцијата американските новинари го прашаа Лавров дали на руско-американските односи ќе влијае тоа што Трамп го смени директорот на ФБИ Џејмс Коми (некои американски медиуми ја доведуваат оваа одлука во врска со истрагата на ФБИ за наводно влијание на Москва врз изборите во САД). Лавров на шега им одговори: „Зарем тој е сменет? Сигурно се шегувате!“

Претседателот на Русија Владимир Путин на 10 мај вечерта на прашањето на новинарката на CBSN (пред самиот почеток ма хокејскиот меч на кој учествуваше Путин) одговори дека смената на Џејмс Коми е внатрешна работа на САД и дека Русија нема со тоа никаква врска. Лавров одби да разговара на темата за гласовите за наводно мешање на Русија во американските избори, карактеризирајќи ги тие наводи како „баханалија“ која не соодветствува на вистината.

Тилерсон: САД ги задржува санкциите против Русија

Споредувајќи ја администрацијата на Трамп со претходната администрација на Обама, Лавров нагласи дека со доаѓањето на Трамп дијалогот помеѓу САД и Русија е ослободен од идеолошката обоеност. „Трамп и неговата администрација се практични луѓе кои сакаат да постигнат договор“.

Сирија и други прашања

Лавров на прес-конференцијата најмногу внимание посвети на сириското прашање, нагласувајќи дека САД можат да дадат придонес во создавање на зона на деескалација во Сирија (односно зона во која ќе биде забрането отворање оган). Тој спомена дека помеѓу Русија и САД сега постои заемно разбирање во поглед на територијата што треба да ја опфатат овие зони и начинот на нивното функционирање. Русија и САД, според Лавров, се подготвени да соработуваат по прашањето за Сирија. „Главна цел на САД во Сирија е победата над тероризмот. Во ова сме целосно солидарни“, изјави Лавров.

Белата куќа: Трамп нема врска со Русија

Лавров и Трамп не разговарале за едностраните санкции кои во 2016 година ги воведе администрацијата на Обама за Русија. Но, според Лавров, Вашингтон сфаќа дека тогаш имотот на руските дипломати е нелегитимно запленет.

Доналд Трамп изјави дека е задоволен од средбата и изрази надеж дека односите помеѓу Москва и Вашингтон ќе се подобрат. Од друга страна, судејќи според официјалното соопштение од прес-службата на Белата куќа, Трамп нагласил дела Русија во Сирија мора да ги „држи за узди“ режимот на Ал Асад и Иран. „Тој исто така смета дека сега е поголема веројатноста за поширока соработка во решавањето на конфликтот на Блискиот Исток и во другите делови од светот“, се вели во соопштението.







Губернаторы России





Губернаторы России
103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России