„Tаткото“ на Кубањ го советува Киев да не ги иритира Козаци
Губернаторот на Краснодарскиот крај Венијамин Кондратиев во четвртокот (11 мај) го посоветува украинскиот министер за инфраструктура Владимир Омељан да не ги иритира Козаците и да учи историја, соопшти РИА Новости. Неговите зборови беа упатени како одговор на изјавата на Омељан за обновата на воздушните врски со Русија. Како најважен услов тоа да се случи тоа чиновникот го посочи „враќањето“ на Крим, Источна Украина и Кубањ на Киев.
Киев го условува обновувањето на авионските врски си враќање на Кубањ
Кондратиев остро го критикуваше украинскиот министер со тоа што го потсети на историјата. „Кубањ никогаш не бил и нема да биде украински“, изјави губернаторот и ја истакна улогата на Козаците во заштитата на Кубањ. „Не треба да се иритираат Козаците, кои секогаш го бранеле Кубањ како дел од руската земја“, истакна Кондратиев. „Ако во Украина има недостиг на земјоделско производство и намирници, тоа не значи дека овој проблем треба да се решава за сметка на Кубањ“, рече тој.