Блиска средба меѓу руски Су-27 и американски P-8A во Црното Море
Според информациите на „Ен-Би-Си“ инцидентот се случил на 9 мај во меѓународниот воздушен простор. Кунц истакна дека командантот на P-8A ги проценил активностите на рускиот пилот како „професионални и безбедни“. Според претставникот на Морнарицата на САД американски пловила и авиони редовно се среќаваат со руски во меѓународните води и воздушниот простори и поголемиот дел од овие средби се од безбеден и од професионален карактер. „Ен-Би-Си“ обрна внимание дека порано по секој сличен случај американските воени лица ги обвинуваа руските пилоти за некомпетентност, дури и кога растојанието помеѓу авионите е многу поголемо. Кунц објасни дека ризикот од незгода се определува од пилотот на авионот врз основа на неколку критериуми: брзина, надморска височина, видливост и друго. Во последнава година драстично се зголемила зачестеноста на летовите на американските ловци покрај руската граница. Особено зголемување е забележано во Балтичко Море и крајбрежјето на Крим, како и околу руските воени бази во Сирија и зоните на распоредување на бродовите од руската морнарица во Источниот Медитеран. Речиси секој ден се јавуваат два, три или повеќе разузнавачки летови.