Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2017

Егзотична медицина: 7 лекови кои нема да ги најдете надвор поранешниот СССР

0

1. Зељонка

Супстанцата Брилијантно зелено е пронајдена во 1879 година во Германија, а малку подоцна се пронајдени и неговите антисептични својства. Во средината на 20 век најевтината материја (сега чини околу 0.40 американски долари), што не бара посебни услови за чување, се шири во СССР во форма на алкохолен раствор наречен „зељонка“ поради нејзината боја. Излегува дека таа има и уште едно волшебно својство: брзо ги суши меурите по кожата. Во Германија и во други европски земји зељонката е заборавена.

Зеленка / Асја Чо

„Отидовме со малиот на лекар“, раскажува Ољга, која пред неколку години се преселила да живее во Шведска од Латвија (влегува во поранешниот СССР). „А, лекарката внимателно праша каква религија исповедаме. Излезе дека таа помислила дека мозолчињата премачкани со зељонка се некаков ритуал.

2. Цитрамон

Универзален лек против настинка: ја отстранува болката, ја разредува крвта, ја намалува температурата и се бори со воспалението. Современиот руски „имењак“ на славниот советски бренд нема никаква врска со цитруси. Лимонската киселина, која претходно се додавала во составот на препаратот, веќе ја нема - таа не покажа никакво влијание за неговото дејствување. Во современиот руски цитрамон има парацетамол, аспирин и кофеин. Пакувањето чини 0.97 американски долари.

Асја Чо

3. Корвалол

Уште еден универзален лек: „за нерви“, „за срце“, против грчеви, несоница и дури при грчеви на цревата. Фенобарбиталот кој е вклучени во неговиот состав се смета за дрога и во многу земји е забранет или строго ограничен. Во Русија, сепак, тој сè уште може да се купи дури и без рецепт: капките чинат 0.53, а таблетите 2.60 американски долари.

Асја Чо

4. Валидол

Тоа е собрат на корвалолот според многумина во Русија. Тие сепак грешат. Во 2007 година, со одлука на Руската академија на медицински науки, валидолот требаше да биде симнат од системот на лекови со олеснети услови како застарен и неефикасен препарат. На крајот тоа благо смирувачко средство останува на листата - за смирување на руските баби. Секоја баба знае: изнервиран, срцето ме боде - валидол под јазикот и сè ќе помине.

Асја Чо

5. Виндузи и фластер со синап

Во минатиот век постоела теоријата дека многу настинки се лекуваат успешно со загревање на грбот. Постојат два болни начини: на грбот се ставаат фластери со синап или, пак, се ставаат неколку жешки стаклени тегли. Во повеќето земји луѓето се откажале од неефикасните самолекувања, но во постсоветскиот простор овие методи се применуваат и досега.

Асја Чо

6. Арбидол

Противвирусниот лек арбидол е разработен во СССР во 1974 година, а во советско време е направено истражувањето со кое тој ја докажува својата ефикасност. Нови истражувања во согласност со современите стандарди сепак нема. Затоа FDA (американска организација за контрола на медицинските производи) одбива да го регистрира како лек, ами само како додаток на исхраната. Во 2006 година во врска со птичјиот грип американската компанија GoodEarthMedicine се обраќа до FDA со барање за дозвола да се користи евтиниот (3 американски долари) арбидол на територијата на САД, но барањето се одбива - не е докажана неговата ефикасност.

Асја Чо

Во 2010 година, главниот фармаколог на Министерството за здравство на Руската Федерација Владимир Петров ветува дека ќе ја докаже ефикасноста на арбидолот. „Многумина колеги-сонародници априори мислат дека сè што е произведено во Русија е лошо“, вели тој. „Секоја позиција на домашниот препарат треба да се докажува на различни начини“. Во 2017 година се очекува да заврши новото масовно истражување на препаратот.

7. Виферон

Кога организмот го напаѓаат вируси, клетките почнуваат да се борат со нив и да одделуваат специјални протеини, кои не дозволуваат на вирусите да се размножуваат - интерферони. Не секогаш организмот може да се соочи сам и тогаш треба да му се даде дополнителна „порција“ интерферони.

Засега на Запад интерферонот се дава само интравенозно и тоа чини поскапо, а во Русија се продаваат пакувања виферон (во супозитории) за 500 рубли (10 американски долари). Ова звучи супер, но има едно „но“. Молекулите на интерферонот се премногу големи за да можат да поминат низ ѕидовите на цревата и да дојдат во крвта, без при тоа да се распаднат на мали фрагменти.

Асја Чо

„Нема никакви податоци што се случува во организмот со интерферонот кој е воведен непарентерално (т.е. заобиколувајќи го гастроинтестиналниот тракт - заб. ред.)“, вели Александар Хаџидис, претседател на здружението на клиничките фармаколози во Санкт Петербург.

Проблемот со клиничките испитувања

Според Александар Хаџидис во Русија како целина има реален проблем со клиничките истражувања. „Се прават многу, вклучувајќи и големи меѓународни студии, но во однос на квалитетот, големината на примерокот и дизајнот (односно вкупниот план, описот) има уште што да се извојува. Затоа се потребни огромни финансиски инвестиции кои не сите компании можат да си ги дозволат“.

Руските закони дозволуваат постоење на пазарот на препарати со сомнителна ефикасност и безбедност, но од друга страна „сомнителен“ не значи „100-процентно бескорисен“. И жителите на соседните земји често патуваат до Русија за да си купат евтини препарати без рецепт.

Лекови од Сибир: руските производители излегуваат на светскиот пазар





Губернаторы России
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Вольфганг Амадей Моцарт

«12 Шедевров Моцарта» от Amadeus Concerts




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


Большой шлем

Рублёв и еще два российских теннисиста не сыграют на Олимпиаде в Париже



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Настроение

Утиный народ



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России