Министерството за одбрана на Русија со видео за Денот на Балтичката флота
Ова е една од најстарите флоти на Русија, која беше формирана од страна на Петар I за време на Северната војна од 1700-1721 година.
За роденден на Балтичката флота се смета 18 мај (7 мај по стар календар) 1703. На овој ден руската флотила составена од чамци и војници на Преображенскиот и Семјоновскиот полк под команда на царот ја одржа првата победа, заземајќи во устието на Нева два шведски воени брода.
Историското значење на оваа победа за Русија беше потенцирана со доделување на сите учесници во битката на специјално направени медали со натпис „Небиденото бидува“, пренесува ТАСС.