Путин му ја честита победата на Рухани
Претседателот на Русија Владимир Путин му испрати телеграма со честитки на претседателот на Иран Хасан Рухани во врска со неговата победа на изборите и реизборот за нов мандат. Информацијата е објавена на официјалниот сајт на Кремљ.
Може ли Русија да се откаже од соработката со Ал Асад?
„Шефот на руската држава ја потврди подготвеноста за продолжување на активната заедничка работа за понатамошен развој на руско-иранската партнерска соработка како на билатералната, така и на меѓународната агенда“, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.
Како што претходно соопшти „Лајф“, државната телевизија на Иран соопшти дека по завршувањето на претседателските избори Хасан Рухани е избран за лидер на Иран. Според првичните податоци, тој добил 56,88% од гласовите на избирачите.
